МЗТ Скопје загуби на гостувањето кај Златибор Чајетина со 102:74 во меч од петото коло во регионалната АБА 2 лига. За МЗТ ова е втор пораз, додека Златибор стигна до четвртата победа.
Уште од самиот почеток домашните кошаркари покажаа дека се расположени за игра и прецизни во шутот, па брзо поведоа со 19:13. Златибор водеше и со 24:17, а во овој период посебно се истакна Смиљаниќ кој погоди четири тројки во првите осум минути.
До крајот на првиот период МЗТ намали само на еден разлика (29:28). МЗТ во еден дел од втората четвртина одигра на посакуваното ниво, па имаше водство од шест разлика (40:34), а потоа водеа и со 45:42. Сепак, во овој момент играчите на МЗТ како да застанаа да играат. Домашните заиграа многу подобро и на полувреме заминаа со предност од 54:49.

Во второто полувреме, играчите на МЗТ беа катастрофални. Злативор со фуриозна игра само го зголемуваше водствот, па во 27 минута беше 71:52 за домаќините. Тоа значи дека од крајот на втората четвртина до пред крајот од третиот период, Златибор го доби со неверојатни 29:7.
И покрај високото водство, Златибор не намали во темпото. Продолжија да го газат противникот, па во 38 минута, српскуот тим стигна и до 30 поени предност против македонскиот првак (100:70).

