Манчестер јунајтед – Ливерпул е дербито над дербијата во новото коло на Спортската прогноза

Типувањето за новото 29-то коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе започна.

Првиот натпревар започнува в сабота, од 15 часот, и тоа значи дека дотогаш ќе може да ги пополнувате вашите прогнози и да чекате подароци.

Со својата атрактивност се издвојува вечното англиско дерби Манчестер јунајтед – Ливерпул, дуел на два тима кои се борат за влез во Лигата на шампионите. Црвенте ѓаволи се во форма и победа против Црвените ќе значи загарантирано место во ЛШ следната сезона. Но, на вакви пресметки решаваат и инспирацијата и деталите, не само моментната форма, па предизвик е да се погоди кој ќе биде победник или ќе типувате на нерешено, сите варијанти на игра се реални.

Во понудата се и други интересни мечеви, од кои ги издвојуваме: Валенсија – Атлетико Мадрид, Комо – Наполи, Баер Леверкузен – Лајпциг, Ајакс – ПСВ, и Астон Вила – Тотенхем.

Во минатото коло имаше еден играч (Петар Ѓ.) со 11 погодоци и доби ваучер од 500 денари. Резервните парови се бројат и за рангирањето во генералниот пласман, па и тоа не е сеедно дали ќе го погодите или утнете, трката за првите пет места е интересна, можни се пресврти до последен момент, не смее да се испушти коло.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

- Оглас -

Најнови вести