Катастрофална ноќ за Македонија- Победија и Романците, шансите за бараж се само теорија

Македонија загуби убедливо со 0:4 вечерва од Германија и дополнително за катастрофална фудбалска ноќ за нас се погрижија и Романците со победа од 1:0 во Букурешт против Ерменија.

Тоа значи дека Германците веќе обезбедија директен пласман на Мундијалот во Катар бидејќи со 21 бод на две кола до крајот се недостижни на врвот на табелата.

Сега Романија не претрка со 13 бода, еден повеќе од нас и од Ерменците, и е топ-фаворит за второто место што гарантира настап во баражите за учество на СП.

Романија има и лесен распоред во последните две кола, ќе игра со отпишаниот Исланд на домашен терен и со Лихтенштајн на гости, додека Македонија ќе ѝ гостува на Ерменија и во последното коло го чека Исланд во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести