Катастрофални голмански грешки го одбележуваат дербито во Барселона (Видео)

Возбудливо прво полувреме одиграа Барселона и Валенсија во последниот меч од 33-тото коло во шпанската Ла Лига.

Барса поведе со гол на Фермин Лопес, а потоа гостите направија пресврт и на пауза водат со 2-1.

Голот за 1-1 беше дело на Уго Дуро, кој ја искористи катастрофалната грешка на капитенот на Барса, голманот Тер Штеген, кој сакаше да биде атрактивен, а испадна смешен и им подари погодокот на Лилјаците.

Потоа гостите поведоа со гол од пенал, а во финишот на првото полувреме црвен картон доби голманот на Валенсија, Мамардашвили, кој не успеа да ја исконтролира топката и тоа придонесе за да го спасува голот со игра со рака надвор од 16-никот. Судијата не го виде забранетиот потег, но тука беше ВАР и по гледањето на снимка, Грузиецот доби црвен картон и Валенсија цело второ полувреме ќе игра со човек помалку на терен.

- Оглас -

Најнови вести