Кавани донесе неочекувана одлука, но дали ќе му биде прифатена

Единсон Кавани побарал раскин на договорот со Манчестер јунајтед. Уругваецот има договор до 30 јуни со англискиот тим, но Барселона го посакува во јануарскиот преоден род.

Доколку Манчестер не му го раскине договорот, Барселона ќе мора да плати оштета за доведување на Кавани, а тоа не е во планот на каталонскиот гигант.

Барселона има големи проблеми околу нападот затоа што Серхио Агуеро се прости од фудбалот, а на последните неколку меча ги немаше ниту повредените Ансу Фати, Мемфис Депај и Мартин Брајтвајт.

На „Камп Ноу“ речиси сигурно е доаѓањето на Феран Торес од Манчестер сити за кого ќе бидат платени 55 милиони евра. Останува да се види дали Манчестер јунајтед ќе дозволи Кавани да си замине од „Олд Трафорд“ како слободен играч во јануарскиот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести