Кавани одлучи каде ќе игра, се сели на Пиринејскиот полуостров

Искусниот напаѓач Единсон Кавани во следните три години ќе го носи дресот на Бенфика. Според португалските медиуми, Кавани веќе се договорил со некогашниот европски првак, каде ќе дојде како слободен играч. Уругваецот го одработи договорот со Пари Сен Жермен, а францускиот првак реши да не го задржи.

Според весникот Рекорд, Кавани ќе добива 2,5 милиони евра по сезона, а плус ќе заработи и осум милиони евра „на рака“. Бенфика се надева дека во новата сезона ќе успее да ја врати во свој посед изгубената шампионска титула.

- Оглас -

Најнови вести