Казахстански клуб влегува во Балканската лига

Вечерва со натпреварот Башкими – Берое стартува новата сезона во регионалната Балканска лига во кошарка, позната како БИБЛ, а новина е влез на екипата од далечниот Казахстан. Но, ова не значи дека гевгелиски Кожув ќе треба да патува до Казахстан.

Барси Атирау е новиот, седми клуб во БИБЛ, но поради далечината, тие сите 12 меча од регуларната сезона ќе ги играат во Косово и Бугарија. Четирипати ќе дојдат на балканските простори и при секое доаѓање, ќе одиграат по три меча. Барси е клуб кој е формиран пред 15 години, а во 2016 година беше првак на својата земја.

БИБЛ како опција за во иднина размислува и некои мечеви да се играат во Казахстан. Барси е тим од град кој лежи на северот на Каспиското езеро, каде што завршува реката Урал, која ги дели Азија и Европа. Во минатото, во БИБЛ имаше тимови од Израел, па екипите од Македонија, Бугарија и останатите редовно патуваа со авион до Светата Земја.

- Оглас -

Најнови вести