Ќе биде интересно, Манчестер јунајтед го чека шпицот од Рим што играше за Манчестер сити

Един Џеко е сè поблиску до заминување од Рим откако имаше голема кавга со тренерот Паоло Фонсека во Рома и можно е да биде големо засилување за Манчестер јунајтед.

Како што објави „Газета дело спорт“, Џеко е понуден на Манчестер јунајтед, но останува евентуалниот трансфер да се реализира, а зависи и од барањата на најдобриот стрелец на Рома.

Ако замислата на менаџерите на босанскиот репрезентативец се остварат и Џеко пристигне на „Олд Трафорд“, ќе игра против својот поранешен тим Манчестер сити во големото градско дерби на Манчестер, но секако ќе биде значајно засилување за дуелите на Црвените ѓаволи во Премиер лигата и во Лигата на Европа.

Џеко има 34 години, а над пет сезони од 2011 до 2016 година играше за Манчестер сити и на 130 натпревари постигна 50 голови, пред да се пресели во Рома, прво како позајмен играч, а потоа и на подолг рок со перманентен договор потпишан во 2016 година.

 

- Оглас -

Најнови вести