Ќе биде „жешко“ во Штип, Брегалница e фаворит да го победи Работнички

Возбудувањата во 28 коло на Прва лига започнуваат денеска во Штип од 16 часот со дуелот меѓу Брегалница и Работнички. Домаќините се во зоната за испаѓање со 26 бодови, а Работнички има 31 бодови, но тоа не значи дека скопјани имаат обезбедено опстанок.

Од овие 26 бода, Брегалница дури 23 ги освои на свој терен, на стадионот во Штип, каде што и сега ќе играат. Работнички е очаен гостин со само пет освоени бода од 14 средби.

Брегалница сезонава веќе еднаш го победи Работнички со 2:1, а домаќините и сега се убедени дека може да стигнат до посакуваните три бода.

Останатите дуели од ова коло во Прва лига се играат утре и тоа: Гостивар – Брера, Македонија ЃП – Струга, Силекс – Шкупи, Тиквеш – Шкендија и Вардар – Воска.

Денеска од 16 часот се играат и средбите од Втора лига, а двојките се: Арсими – Беса, Детонит – Беласица, Скопје – Тетекс, Каменица Саса – Новаци, Караорман – Победа, Кожуф – Осогово, Пелистер – Охрид и Вардар Неготино – Башкими.

- Оглас -

Најнови вести