Ќе брани ли Кајл Вокер и против Ливерпул?

Бразилскиот голман Едерсон се повреди на гостувањето кај Аталанта и неговиот настап на дербито од Премиер лигата против Ливерпул е неизвесен. Ова значи дека можеби Клаудио Браво ќе треба да брани на супердербито кое може да биде клучно во трката за титулата.

Но, што ако и Браво поради некаква причина не може да брани в недела или другата резерва Скот Карсон? Тогаш Пеп Гвардиола ќе треба да измисли некаков потег како синоќа, кога на гол го стави бекот Кајл Вокер. Тој не прими гол за тие десетина минути колку што бранеше.

Затоа реакциите за голманските способности на Вокер се бројни. На „Твитер“ прв испрати порака Бернардо Силва, кој порача: Кајл, никогаш не сум се чувствувал сигурно како вечерва.

На ова се придодаде и Рахим Стерлинг, кој исто така се пошегува со клупскиот колега.

„Извини брату Кајл, ама мене сето ова ми беше многу смешно. И понатаму немам доверба да ти дозволам да ми го држиш бебето“.

- Оглас -

Најнови вести