Ќе го спасеше сонародникот – Де Јонг го полуде Куман со утката на годината во Ла Лига (Видео)

Лук де Јонг можеше да му ја продолжи авантурата на својот сонародник Роналд Куман на клупата на Барселона, која сега е неизвесна, ако погодеше со удар со глава во 78-мата минута од чиста позиција против Гранада.

Де Јонг наместо лесно да ја погоди мрежата на гостите за 1:1, од три-четири метри на празна мрежа ја упати топката над голот. Утката е неверојатна и може да конкурира за промашување на годината во Ла Лига.

Barcelona 0 – 1 Granada (Luuk de Jong miss 78′) from soccer

Во тој момент Гранада водеше со 1:0 со голот на Дуарте во 85-тата секунда на мечот, а Барселона напаѓаше урагански, но стигна само до еден бод со голот на Роланд Араухо во 90-тата минута.

Прашање е што ќе се случеше во екот на тотална офанзива на Барселона ако Де Јонг го погодеше голот на Гранада, па сега неизвесна е судбината на неговиот сонардоник од Холандија, Роналд Куман.

Куман беше очаен и по обидот на Мемфис Депај да погоди со ножички, но и вториот Холанѓанец во тимот на Барса се посрамоти и ја промаши топката.

Koeman reaction to Depay Bicycle kick attempt [Barcelona 0-1 Granada] from soccer

Шпанските медиуми пред мечот со Гранада објавија дека Барса мора да победи во серија од три меча, меѓу кои беше и овој вечерва на „Камп ноу“ што не се случи. Од тренерот се бараше и триумф против Кадис и Леванте за да продолжи да биде тренер на Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести