Куман има ултиматум, Барди му спрема отказ на Холанѓанецот

Роналд Куман е под силен притисок и шпанските медиуми објавија и дека има ултиматум, да победи со Барселона на следните три меча, ако сака да продолжи како тренер на гигантот.

Проблемите се големи за Холанѓанецот, по интервјуто од пред некој ден кога го нападна претседателот Жоан Лапорта и особено по дебаклот од Баерн со 0:3 во Лигата на шампионите шансите драстично му паднаа да продолжи како тренер на Барселона.

Маките се зголемија со повредите на Жорди Алба и на Педри, кои веројатно ќе отсуствуваат одреден период, а се меѓу клучните играчит во составот на шпанскиот гигант.

Куман мора да најде рецепт да ги преброди победнички следните три дуели во Ла Лига, против Гранада и Леванте на домашен терен и со Кадис на гости, ако сака да го дочека крајот на овој месец и дуелот во ЛШ со Бенфика во Лисабон како тренер на Барселона.

Токму дуелот со Леванте, тим за кој игра нашиот репрезентативец Енис Барди може да биде клучен за судбината на Куман во Барселона. Тој дуел е на распоред на 26. септември.

 

- Оглас -

Најнови вести