Ќе игра ли Алиоски Лига на шампиони пред најлудите навивачи? Ал Ахли засега не попушта пред налетите на Трабзонспор

Новиот турски првак Трабзонспор сака да го ангажира македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, што е убава можност за популарниот Џани за првпат во кариерата да игра натпревари во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/NationalOpinio1/status/1527047769059430403?s=20&t=eaPKMf7Ux7k7F44gMUzUtg

Трабзонспор е привлечен и поради неверијатно фанатичните навивачи кои приредија невиден спектакл на црноморското крајбрежје кога ја славеа титулата што беше освоена сезонава по пауза од 38 години.

Слатка мака на Алиоски е што одигра одлична прва сезона за Ал Ахли во Саудиска Арабија и сегашниот клуб ги одбива понудите за него од европските клубови.

Алиоски постави рекорд во историјата на саусискиот фудбал со шест гола и 8 асистенции, учинок што го немал ниту еден бек во тамошната лига.

Ал Ахли минатото лето успеа со одлична понуда од пет милиони евра за две годишен договор да го донесе Алиоски во своите редови, а се најавува и дека сака да го задржи и по идното летo кога ќе му понуди нов уште подобар договор.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести