Ќе има бунт, управата на Барселона бара дополнително кратење на платите!

Бордот на директори во Барселона, смета дека намалувањето на платите на фудбалерите за 70 проценти, нема да биде доволно за покривање на загубите кои се создаваат за време на паузата поради коронавирусот. Нема приходи од продадени билети, не работат музејот и фан шоповите, нема ТВ преноси, и сето ова силно ја погодува Барселона.

Иако на фудбалерите не им беше мило што мораа да се согласат на кратење на платите за дури 70 проценти, тоа не било доволно, сега управата бара и други решенија, можеби дополнителен удар по џебовите на играчите. Со кратењето на платите на фудбалерите, Барса не заштедила доволно, но ако се знае каква беше реакцијата при првото кратење, којзнае што ќе биде ако им биде побарано дополнително кратење.

Интересно е што од една страна клубот се жали дека губи многу пари, а од друга страна се зборува дека летово ќе го купат Нејмар, кој е многу скап фудбалер. Ако ги продадат Кутињо, Ракитиќ, Видал или Гризман, можеби ќе присоберат пари за да го вратат Бразилецот, па со тоа ќе го намалат незадоволството кај Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести