Ќе има дерби Роналдо против Бензема во Саудиска Арабија!

Карим Бензема синоќа за последен пат играше во дресот на Реал Мадрид и по 14 години поминати на „Сантијаго Бернабеу“, му кажа збогум на Кралскиот клуб. Следниот предизвик за Бензема ќе биде настап во првенството на Саудиска Арабија.

Според најавите, Бензема веќе се согласил да игра за тимот на Ал-Итихад, кој неодамна се радуваше на шампионската титула во првенството на оваа земја. Францускиот голгетер веќе ги потпишал поголем дел од потребните документи и наскоро треба да се официјализира договорот до 2025 година.

Со доаѓањето на Бензема во Саудиска Арабија, во следната сезона ќе има едно големо дерби, а тоа е дуелот меѓу Ал-Итихад на Карим и Ал-Наср, каде што веќе неколку месеци игра Кристијано Роналдо. Ал-Наср сезонава ја заврши на второто место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести