Голем потрес во најава ќе му се случи на македонскиот фудбал, а се очекува утре Ренова да објави дека се повлекува од Првата лига.
Потегот е неочекуван, а како што објави „Спортмедиа.мк“ Гипсарите веќе одлучиле да се преселат во понизок ранг.
Ова е чудна најава, со оглед на тоа што Ренова има стабилен спонзор и е стабилен прволигаш што неколкупати ја претставуваше Македонија и во еврокуповите.
Ако се реализира најавата и клубот од тетовско Џепчиште се повлече од Првата лига, едно место ќе остане испразнето, а кандидати за пополнување на Првата лига се најтрофејниот клуб Вардар, потоа и Пелистер, Борец, Беласица…
Претходно и второлигашот Беса објави дека се повлекува од натпреварувањето за идната сезона.