Ќе има продолженија – Пеналот на Чалханоглу не го бранеа двајца голмани (ВИДЕО)

Интер и Јувентус во финалето на Копа Италија ќе играат дополнителни 30 минути откако резултатот во регуларниот дел заврши 2:2.

Нераѕурите дојдоа до израмнување преку Хакан Чалханоглу од пенал во 80-тата минута. Турчинот покажа како се изведува пенал откако ја презеде одговорноста и удри со сета сила во горниот лев голмански агол.

Претходно Јувентус со головите на Алекс Сандро и Душан Влаховиќ дојде до 2:1 откако по седум минути од стартот на мечот, Николо Барела донесе радост за Интер.

- Оглас -

Најнови вести