Ќе има реприза на ланското финале во Индијан Велс, се најде јунак што ќе го победи Синер

Карлос Алкарас и Данил Медведев втора година по ред ќе играат во финалето на престижниот Мастерс турнир во Индијан Велс.

Шпанецот и Русинот во полуфиналните средби, губеа со по 0-1 во сетови, убедливо губеа во првиот сет со по 1-6 во гејмови, но потоа направија пресврти и се пласираа во мечот за титула.

Алкарас беше поуспешен од Јаник Синер, и стана првиот тенисер од 19-ти ноември наваму кој успеал да го победи Италијанецот. За Синер заврши серијата од 19 победи по ред, а Алкарас кој лани го освои овој турнир, си го одбрани второто место на АТП листата.

Медведев ја растажи американската публика со триумфот над Томи Пол. Американецот беше убедлив во првиот сет, а во вториот се избори за тајбрејк, иако Медведев во еден момент од сетот имаше предност од 4-0 и 5-2 во гејмови. Медведев ќе се обиде првпат во кариерата да го освои единствениот од шесте Мастерси 1000 на тврда подлога кој го нема освоено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести