Ќе има спектакл: Американците ќе „удрат“ на Јокиќ и српското друштво во битка за финалето

Дрим тимот на САД очекувано го победи Бразил со 122-87 во четвртфиналето на кошаркарскиот олимписки турнир и закажа битка за финалето против Србија предводена од Никола Јокиќ. Ќе биде тоа вистински спектакл на Игрите.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Германија и Франција.

Според очекувањата, селекцијата на Стив Кер немаше никакви проблеми да стигне до триумф во дуелот со Бразилците. Првата четвртина ја доби со 33-21, а на полувремето веќе имаше недостижна предност, 63-36.

Бразилците го добија третиот период со 35-31, но, на крајот, сепак, Соединетите Американски Држави славеа убедливо.

Бразилскиот центар Бруно Кабокло беше најефикасен на мечот со 30 постигнати поени, а кај Американците најмногу уфрли Девин Букер, кој запиша 18 поени, пред Ентони Едвардс со 17.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести