Ќе има вечно дерби во полуфиналето: Работнички прв го освои “Младост“ оваа сезона и закажа дуел со МЗТ(Видео)

Екипата на Гостивар го доживеа првиот пораз на домашен терен во кошаркарска лига на Македонија и тоа во најлош момент, бидејќи веќе нема поправен и тоа значи елиминација. Честа да ја забележи првата победа во “Младост“ им припадна на кошаркарите на Работнички кои беа подобри со 63-77.

Тоа значи дека во полуфиналето на плеј-офот ќе играат вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички, а клубот од скопски Аеродром ќе ја има предноста на домашниот терен.

Токму МЗТ Скопје веројатно е најрадосен од ваквиот развој на настаните на дуелот во Гостивар, бидејќи токму гостиварчани се единствените кои оваа сезона ги совладаа двапати, и дома и на гости.

Ампиг со 17 и Малешевиќ со 16 поени беа најефикасни во победничкиот состав, додека грузискиот интернационалец Корсантија со 18 поени беше најпрецизен во редовите на Гостивар, но и воопшто на натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести