Ќе нѐ дочека ли Стојановиќ во Рига? Летонците грмат: Австрија нѐ понижи, како да немавме селектор

Ова е бламажа и подобро ќе беше да не игравме воопшто, пишуваат летонските медиуми по дебаклот на нивната репрезентација, вчеравечер во Салцбург.

Летонија загуби со 0:6 од Австрија, а на мета на критики посебно е селекторот Славиша Стојановиќ, но не се штедат и играчите.

„Донесовме селектор чие име се криеше долго за да не врати во нормален колосек, a добивме кормилар што има пет порази по ред со гол-разлика 1:19. Играчите беа како загубени на теренот“, пишуваат новинарите на порталот „Делфи“.

Во таборот на Летонија владее вистински хаос, а ако се погледнат головите што ги примија против Австрија, освен евроголот на Сабицер за 2:0, сите беа по кардинални грешки на летонските фудбалери.

Сите погодоци од мечот во Салцбург можете да ги погледнете ОВДЕ.

Можно е селекторот Стојановиќ и да не го дочека мечот со Македонија, како селектор на Летонците, а ќе се игра во понеделник на 9. септември, но поверојатно е дека дуелот од шестото коло во Г групата против нас ќе му биде последна шанса за опстанок на Словенецот.

И при неговото именување имаше многу контроверзи. Претседателот на Летонската федерација и познато фудбалско име Каспарс Горкс го криеше името на селекторот околу еден месец, па потоа при официјалното претставување на први март годинава призна дека згрешил со процедурата.

Ваквата авантура не му се допадна на легендарниот Марис Верпаковскис. Најпознатиот фудбалер во историјата на летонскиот фудбал се приклучи на иницијативата за смена на Горкс, битката се разгоре, а хаосот во летонскиот национален тим ѝ сега и оди во полза на Македонија. Прв меч за Стојановиќ како кормилар на Летонија му беше токму против Македонија на 21. март, кога победивме во Скопје со 3:1.

Ако не дочека како селектор на Летонците, за Стојановиќ новиот дуел со нашата репрезентација може да биде и проштален, секако под услов да ги освоиме трите бода на „Даугавас“ стадионот во Рига во понеделник.
- Оглас -

Најнови вести