Ќе се обложите ли против резервите на Јувентус – Шампионот има дрим-тим на клупата

Јувентус има есктра квалитет и на клупата, а составот на резервите за мечот со Парма изгледа застрашувачки. Една легенда како Џиџи Буфон, потоа прекалениот стрелец Марио Манџукиќ, атрактивниот дриблер Пауло Дибала, еден од најскапите стопери на светот Матајс де Лихт, потоа и репрезентативецот на Италија, Бернардески, па Рабио, Квадрадо… Супер тим има Јувентус и на клупата, кој било играч би бил стандарден во секоја екипа од Серија А, а голем дел од нив би биле и главни играчи.

Јувентус со ваков широк ростер е подготвен за одбрана на круната во Италија и за европската, која во Торино се чека од 1996 година.

 

- Оглас -

Најнови вести