Легендата на англискиот фудбал и икона на Ливерпул, Стивен Џерард, веќе една година е тренер на екипата на Ал-Етифак од Саудиска Арабија откако претходно ги водеше и Глазгов ренџерс и Астон вила, а за Црвените од „Енфилд“ одигра неверојатни 760 натпревари.
Сепак, се чини дека неговата љубов кон Ливерпул им здодеа на фудбалерите на тимот од Саудиска Арабија. Причина се тренинзите, кои Џерард ги закажувал во термини кои не се поклопуваат со натпреварите на Ливерпул со цел да може да ги следи, па се случувало фудбалерите да тренираат дури и во 22 часот навечер.
Тоа било причина дел од фудбалерите да се обратат кај раководството на клубот и да побараат ова пракса да се промени, но нема информации кој бил одговорот на челниците на Ал-Етифак.
Сонот на Стивен Џерард секако е еден ден да биде тренер на својот омилен клуб, Ливерпул, а тој беше во конкуренција и за наследник на Јирген Клоп, но раководството се одлучи да го ангажира Арне Слот.