Ќе ве расположи за мирен сон – Меката рака на Димитријевиќ со тројка што ретко се гледа (Видео)

Ненад Димитријевиќ е вистински јунак и на Македонија, но и во првото претквалификациско коло за Евробаскетот во 2025 година, а благодарение на мирната рака на нашиот бек и феноменалната тројка од пола терен во последната секунда ја победивме Данска со 73:70.

Нено немаше многу избор, времето веќе истекуваше за крај на мечот и продолженија во Нествед, но феноменалниот бек имаше поинакви планови.

Погоди од повеќе од половина терен за огромна радост на македонските репрезентативци и тага за домаќините и нивната публика во салата во Нествед.

https://twitter.com/Fenomeno_EU/status/1562896205331693570?s=20&t=QwWlnom5IqqN_6fmTNSPXQ

Оваа победа многу значи, а Македонија сега има нов предизвик, во недела на домашен терен да ја победи Словачка.

Словаците денеска беа декласирани на свој терен од Норвешка со 68:87.

- Оглас -

Најнови вести