Кејлор го менува Икер во Порто?

Голманот Кејлор Навас, кому од Реал Мадрид му било кажано дека може да си бара нов клуб, би можело кариерата да ја продолжи во Порто, португалскиот тим кој неочекувано остана без својот прв чувар на мрежата, Икер Касилјас. Шпанецот има срцеви проблеми и лекарите го советуваа дека мора да ја заврши кариерата.

Касилјас беше долгогодишен голман и капитен на Реал, а сега повторно голман кој освојуваше трофеи со шпанскиот гигант би можело да застане на голот на Порто. Навас со тоа би играл во Лигата на шампионите, што му е целта кога веќе му стана јасно дека во Реал ќе биде резерва, како во најголем дел од актуелната сезона, која е при крај. Искусниот костарикански голман, кој пет години бранеше во Реал, би бил одлично решение за Порто. Блиски извори до Навас тврдат дека шансите тој да потпише за Порто се 80 проценти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести