Англија со минимални 0-1 славеше на гостувањето кај аутсајдерот Андора и на тој начин го задржа максималниот ефект во квалификациите за Светското првенство. Единствениот гол беше дело на Хари Кејн, кој после мечот беше самокритичен, но на вакви натпревари најважни се бодовите.
„Ова не беше натпревар кој многу луѓе ќе го запомнат. Ги освоивме трите бода и продолжуваме понатаму. Не бевме доволно добри со топката, а тоа му влеа самодоверба на противникот. Мадуеке беше главна закана за противникот денес. Токму тоа ни е потребно. Тој навистина одигра одлично. Секако дека треба да играме подобро. Во јуни никогаш не е лесно да се игра за репрезентацијата. Некои играчи доаѓаат по многу долги сезони. Навивачите беа одлични и ги слушавме цело време, но сме разочарани што не успеавме да постигнеме повеќе голови. Веќе сме насочени кон следниот натпревар.“ – рече Кејн.
Англија во следното коло од квалификациите е слободна, па слободниот термин ќе го искористи за да одигра пријателски меч против Сенегал.