Кејн: Ми недостасуваат трофеи, но не паничам

Бундеслигашкото дерби помеѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен ќе се следи со голем интерес, иако мечот нема да пресуден во трката за титулата во Бундеслигата.

Баер нема ниту еден пораз после 20 кола и му бега два бода на големиот Баерн Минхен. Другите тимови заостануваат, и јасно е дека Фармацевтите или Баварците ќе ја освојат титулата во Германија, а тоа ќе значи крај на барем еден голем малер.

Капитенот на англиската репрезентација и еден од најдобрите напаѓачи на светот, Хари Кејн, уште нема титула во кариерата, па тоа му беше и еден од мотивите летоска кога се пресели во клубот кој цела деценија е првак на Германија и го дава врвот.

Сепак, сезонава имаат опасен ривал во трката, Баер, кој има 52 бода од можни 60, и не знаат за пораз на 30 меча сезонава во сите натпреварувања.

„Сакам да освојувам тимски трофеи. Ова е она што сè уште ми недостига во кариерата. Но, како и секогаш, нема да паничам, ќе останам смирен во секој случај, ќе продолжам да правам што е можно за тимот. Баерн 11 години по ред е првак, очекуваме да ја освоиме лигата и оваа година“, изјави Кејн кој е прв стрелец во Бундеслигата со импресивни 24 гола.

Не е само Кејн малер кој чека прва титула. Прва титула чека и клубот од Леверкузен кој неколку пати бил втор, а губеше и финале во Лигата на шампионите, па ривалски фанови го нарекуваат и Неверкузен (невер на англиски значи никогаш). Сезонава имаат добри шанси за сефте, но прво треба вечерва да преживеат против Баерн.

 

- Оглас -

Најнови вести