Кејн втор стрелец во историјата на Премиер лигата, Челзи конечно победи, Халанд имаше лош ден

Манчестер сити со минимални 2-1 го победи Лидс и има четири бода предност на четири кола до крајот на сезоната, но Граѓаните можеа да победат и поубедливо да не се плашат до крај дали ќе триумфираат.

Двата гола ги даде Гундоган, а Германецот со турско потекло утна пенал при 2-0, што беше казнето една минута подоцна. На Халанд не му одеше, утна неколку убави шанси, а не доби шанса да шутне пенал, предност доби Гундоган кој за негова несреќа не направи хет-трик.

Челзи со 3-1 беше подобар од Борнмут и ова е прва победа на Франк Лампард откако се врати на клупата на Сините.

Тотенхем победи со 1-0 против Кристал Палас во меч на кој Хари Кејн го даде својот 209-ти гол во англиската лига со кој стана втор стрелец во историјата на Премиер лигата, надминувајќи го Вејн Руни. Сега пред него на вечната листа е само Алан Ширер со 260 голови.

Кејн стана и прв играч кој дал 10 гола со глава во една сезона.

- Оглас -

Најнови вести