Алжирската боксерка, Имане Келиф, веројатно е најпопуларната спортистка на Летните олимписки игри во Париз. Сепак, славата не ја стекна поради своите резултати, туку поради контроверзите кои ја следат.
Таа веќе е во финалето во категоријата до 66 килограми, а победата над Суванафенг од Тајланд ја прослави со танц во рингот, додека добиваше овации од публиката.
Sjajna Imane Khelif je znala proslaviti pobjedu za plasman u finale. pic.twitter.com/BFFPUkF1IK
— SportSport (@sportsport) August 6, 2024
Противник на Имане Келиф во борбата за златниот медал ќе ѝ биде боксерката од Кина, Лиу Јанг.
„Многу сум среќна, бидејќи осум години работев за да дојдам на оваа Олимпијада. Горда сум на моите резултати. Сакам да му се заблагодарам на алжирскиот народ за поддршката и се гледаме во финале. Оваа публиката тука во салата е срцето на Алжир, многу сум среќна што ги гледам. Големо благодарам за нивното присуство денес и големата поддршка која ми ја дадоа.“ – рече Келиф после триумфот во полуфиналето.