Келн со гол во финишот го испрати Вердер во Цвајте, Левандовски во последната минута го сруши рекорот на легендарниот Герд Милер

Келн е екипата која најмногу се радува по завршување на последното 34. коло во германската Бундеслига, затоа што со победата над Шалке, успеа да се спаси од испаѓање. Популарните Јарци победија минимално со 1:0 против испаднатиот Шалке и тоа благодарение на голот постигнат во 86 минута.

Со овие три бода и поразот на Вердер на свој терен од Борусија Менхенгладбах со 2:4, на крајот Келн заврши со 33 бода, додека Вердер остана на 31 бод и е претпоследен, па следната сезона ќе игра во Цвајте. На Келн му останува преку баражот за плеј-аут да се избори за опстанок во елитата.

Историски беше мечот во Минхен каде што шампионот Баерн со 5:2 го победи Аусбург. Баварскиот гигант е само треата екипа која низ историјата на Бундеслигата успеала во сите 34 кола да даде барем еден гол. Освен овој клупски рекорд, постигнување за историјата постави и Роберт Левандовски.

Најдобриот стрелец на Баерн, благодарение на голот во 90 минута, успеа да го надмине рекордот на легендарниот Герд Милер, кој со децении беше недофатлив. Милер имаше 40 погодоци во една сезона, а Левандовски сега сезоната ја завршува со нов рекорд од 41 погодок во Бундеслигата.

Резултати: Баерн Минхен – Аугсбург 5:2, Борусија Д. – Баер Леверкузен 3:1, Ајнтрахт Ф. – Фрајбург 3:1, Келн – Шалке 1:0, Хофенхајм – Херта 2:1, Штутгарт – Арменија Билефелд 0:2,  Унион Берлин – Лајпциг 2:1, Вердер Бремен – Борусија М. 2:4, Волфсбург – Мајнц 2:3.

Конечна табела: Баерн Минхен 78 бодови, Лајпциг 65, Борусија Д. 64, Волфсбург 61, Ајнтрахт 60, Баер Леверкузен 52, Унион Берлин 50, Борусија М. 49, Штутгарт 45, Фрајбург 45, Хофенхајм 43, Мајнц 39, Аугсбург 36, Херта 35, Арменија 35, Келн 33, Вердер 31, Шалке 16 бодови.

- Оглас -

Најнови вести