Кемпес по 42 години си го виде дресот со кој даде два гола во финалето на СП 1978

Легендарниот аргентински напаѓач Марио Кемпес во 1978 година со два гола во финалето против Холандија на Гаучосите им ја донесе првата светска титула во фудбал и си обезбеди место во историјата на аргентинскиот фудбал, иако немаше којзнае каква клупска кариера.

Интересно е што Кемпес по финалниот меч на Мундијалот 1978, кој Аргентина го доби со 3-1 по продолженија, со Јохан Нескенс си ги замениле дресовите и цели 42 години го немаше видено дресот со кој ги постигна двата историски гола. Но, денеска Кемпес имаше емотивна „средба“ со дресот.

Во иднина, дресот ќе си биде во музејот на фудбалски легенди во населбата Палермо во Буенос Аирес.

- Оглас -

Најнови вести