Кени Далглиш се налути: Ако треба Ливерпул ќе игра на секои два дена, ама титулата ќе дојде на „Енфилд роуд“

Неизвесноста за тоа што ќе се случи со домашните фудбалски првенства уште лебди во воздух. Од Топ 5 лигите, Ливерпул е клубот со најубедлива предност и само формално остана да се израдува на титулата во Премиер лигата. Сепак, светската здравствена криза која ја предизвика Коронавирусот направи да има прекин во сите фудбалски првенства и засега не се знае како ќе заврши.

Гигантот од „Енфилд роуд“ има 25 бода повеќе од второпласираниот Манчестер сити, но теоретски Граѓаните уште имаат шанса да се борат за титулата. Некои во Англија сметаат дека треба да биде поништено првенството, а веднаш реагираше легендата на Ливерпул, Кени Далглиш.

Играчот кој 13 години помина во дресот на Ливерпул вели дека единствено правилно решение е титулата да заврши во витрините на „Енфилд роуд“, каде што ја чекаат цели 30 години.

„Ако треба ќе играме на секои два дена во мај и во јуни, ама титулата треба да дојде во витрините на Ливерпул. Како е можно да има дилеми кога на девет кола до крајот, Ливерпул има 25 бода предност и да не се додели титулата на водечкиот тим“, револтирано вели Далглиш.

- Оглас -

Најнови вести