Каква луда серија на Кепа, навивачите се шегуваат: Подобар е од Вернер, нека игра шпиц (Видео)

Кепа Аризабалага имаше неверојатна серија од 8 удари по ред директно во пречката, на тренингот на Челзи, а навивачите веќе почнаа да се шегуваат и да даваат интересни предлози.

„Нека игра шпиц, подобар е од Вернер“, се шегуваат навивачите на сметка на двете засилувања, кои секој во свое време беа скапо платени.

Подвигот на голманот на Челзи на тренингот можете да го погледнете ОВДЕ.

Кепа го урна рекордот за голман, при трансферот од Атлетик Билбао во Челзи во август 2018 година, и сумата од 80 милиони евра беше највисока било кога платена за ангажман на чувар на мрежа.

Голманот не ги исполни очекувањата, туку напротив беше и големо разочарување со најслаб просек на одбранети удари во една сезона во Премиерлигата, но сега покажа дека можеби и ја згрешил позицијата и дека е одличен техничар со неверојатниот подвиг на тренингот на Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести