Ќерката на Луис Енрике ја откачи ѕвездата на Барселона и сега се забавува со играч на Реал Сосиедад

Сира Мартинес, ќерката на актуелниот тренер на ПСЖ, Луис Енрике, има ново момче, кое исто така е фудбалер.

Сира до неодамна беше во врска со младата ѕвезда на Барселона, Феран Торес, но сега е во врска со дефанзивецот на Реал Сосиедад, Робин ле Норман.

Шпанските медиуми ги „уловија“ Сира и Ле Норман на аеродромот во Барселона бидејќи Мартинес требало да се лета за Париз, каде што моментно живее.

 

Таа во вторникот беше на трибините на „Монжуик“, но не за да навива за поранешното момче, туку го бодреше својот татко, кој со ПСЖ ја елиминира Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Ле Норман е роден во Франција, кариерата ја започна во Брест, од каде што во 2018 година пристигна во Реал Сосиедад. Тој набрзо доби шпанско државјанство и се очекува да биде еден од репрезентитавците на Фуријата кои ќе настапат на Европското првенство летово во Германија.

Сира и Феран Торес ја започнаа врската уште кога фудбалерот го носеше дресот на Манчестер сити, а по неговиот трансфер во Барселона, тие почнаа да живеат заедно.

Но, минатата година ја прекинаа врската наводно поради желбата на Сира Мартинес да се посвети на нејзината спортска кариера, таа се натпреварува во коњички спортови.

- Оглас -

Најнови вести