Ќерката на Пеле со драматична објава: Уште една ноќ заедно!

Една од ќерките на Пеле, Кели Насименто, објави трогателна фотографија од болницата во Сао Паоло каде што лежи Кралот на фудбалот, а таа го прегрнува, додека во позадина лежи и нејзината сестра Флавија.

Семејството постојано е крај славниот 82-годишен Бразилец, кој се бори со рак на дебелото црево, од 29-ти ноември е во болница, а во последните денови има проблем и со бубрезите и срцето.

„Остануваме тука, се бориме и веруваме. Поминавме уште една заедничка ноќ“ – објави ќерката на Пеле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести