Ќерката на Стивен Џерард е во врска со син на мафијашки бос

Ќерката на легендарниот фудбалер на Ливерпул Стивен Џерард, Лили, е во врска со син на мафијаш. Лили, која има 18 години, е вљубена во пет години постариот Ли Бирн, чиј татко е поврзан со криминален картел. Младите се запознале на Ибица и оттогаш се постојано заедно.

Таткото на Ли Бирн е близок соработник на ирскиот бизнисмен Даниел Кинахан, кој е поврзан со убиства во Обединетото Кралство, со перење пари и со шверц на дрога.

Англиската полиција смета дека Бирн сениор е лидер на огранок на картелот на Кинахан, а во изминатите години биле уапсени и осудени на долгогодишна затворска казна неколку негови роднини.

Неговиот син, Ли Бирн, не е дел од криминалниот картел и засега нема полициско досие. Но, изминатите години често беше во центарот на англиската јавност поради неговите врски со атрактивни девојки кои се популарни на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести