Кевин Дурант нема да игра вечерва против Мемфис

За првпат сезонава Бруклин нетс ќе игра натпревар без Кевин Дурант во составот. Ѕвездата на Нетс нема да настапи вечерва против Мемфис гризлис, а од клубот објаснуваат дека станува збор за „закрепнување од повреда“. Најверојатно од клубот одлучија засега да го штедат Дурант и тој да не игра два дена по ред.

Ова значи дека првата петорка на Бруклин ќе изгледа поинаку отколку на првите три средби сезонава, а и шансите на Гризлис за победа растат.

Дурант играше во неделата, кога Мрежичките загубија од Шарлот, а 32-годишниот КД играше 36 минути, во кои даде 29 поени. Не покажа знаци на повреда, па затоа веројатно е договорено да одмори и да не го форсираат со играње два дена едноподруго.

- Оглас -

Најнови вести