Кикс на Борусија, Милионерите освоија само бод на гостувањето кај Бохум

Главниот конкурент на Баерн Минхен во битката за титулата, Борусија Дортмунд направи кикс и одигра 1:1 на гостувањето кај Бохум. Штрогер во 13-та минута ги израдува домашните навивачи, но Мален на стартот од вториот дел погоди за 1:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Дебитантот во Бундеслигата, Хајденхајм загуби со 2:3 пред своите гледачи во дуелот со Хофенхајм.

https://twitter.com/i/status/1695450269646270530

Дебитантот во Бундеслигата играше одлично до 77-та минута, водеше со 2:0 со головите Бестер и на Пиерингер, но потоа за три минути прими два гола. Баер во 77-та минута намали на 2:1, а три минути подоцна Кадерабек израмни на 2:2. Победничкиот гол за гостите го постигна Андреј Крамариќ во судиското продолжение.

Најубедлив настап имаа фудбалерите на Унион Берлин кои славеа со 4:1 на гостувањето кај Дармштад, Волфсбург го совлада Келн со 2:1, а Фрајбург со голот во 96-та минута на Филип го совлада Вердер.

- Оглас -

Најнови вести