Кикс на УЕФА, на плакатот за финалето на ЛЕ стави играч кој веќе не настапува за Арсенал

Главниот град на Азербејџан, Баку, каде што на 29 мај ќе се игра финалето во Лига на Европа, е во знакот на рекламна кампања за тој настан, на којшто ќе играат Челзи и Арсенал. На еден од плакатите ставени се по тројца играчи од двата тима, а на сликата еден од триото на Арсенал веќе не е член на клубот. Станува збор за Денис Суарес, кој беше позајмен кај „топчиите“ од Барселона.

Денис не е во составот на Арсенал од почетокот на мај, иако позајмицата е до крајот на сезонава. Тој влезе во игра на 6 меча, а потоа се повреди, па се врати во Барселона, каде што е на рехабилитација. Тој на „Твитер“ веќе се прости со клубот од Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести