Киксерот Моја им подари три бода на Хетафе (видео)

Хетафе со минимални 1-0 го совлада тимот на Реал Сосиедад за подвиг на табелата во шпанското првенство. Домаќините уште во третата минута ја затресоа мрежата на Моја, кој пак со катастрофална интервенција практично им ги подари трите бода на мадридскиот тим. Голот го постигна Жорге Молина, вкупно петти негов гол во Ла Лига сезонава.

Хетафе со шестиот овосезонски триумф во првенството се искачи на петтата позиција со 24 бода, заостануваат два бода зад четвртопласираниот Реал Мадрид.

https://www.youtube.com/watch?v=ZfpaY9EjxSo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести