Киксевите на Ливерпул и Арсенал донесоа голем раст на нивните квоти за првак на Премиер лигата (Фото)

Како што се ближи крајот на англиската Премиер лига, така екипата на Манчестер сити се доближува до освојување на нова титула, а конкурентите Арсенал и Ливерпул полека ја губат трката и сега од Граѓаните зависи кој ќе биде првак.

Ако Сити ги добие сите мечеви до крајот, тој ќе бидат шампион. Ова е ситуацијата која ја посакуваше тимот на менаџерот Пеп Гвардиола, да не мора да чекаат киксеви на ривалите. Викендов беше идеален за нив, Сити победи, а Ливерпул и Арсенал губеа.

Во споредба со квотите од пред една недела, сега за првак на Англија голем фаворит е Сити, квотата за него падна на 1.40, додека кај Арсенал порасна речиси двојно и сега квотата за титула на Топчиите е 5.00. Коефициентот за Ливерпул порасна уште повеќе и сега е дури 7.00.

Доколку верувате дека сепак тимот од Лондон или од Ливерпул ќе биде шампион, се чини дека оваа недела е идеална за уплата и да ги искористите големите квоти.

- Оглас -

Најнови вести