16.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Кил го доби германскиот дуел за третото место во ЛШ

Кил го освои третото место на завршниот ракометен Ф4 турнир во Лигата на шампионите во Келн. „Зебрите“ во германскиот дуел беа подобри од ланскиот шампион Магдебург победувајќи со 32-28.

Кил многу подобро го одигра првото полувреме од натпреварот, што беше клучен фактор за конечниот триумф. Тимот на Филип Јиха создаде предност од девет гола (23-14) по првите 30 минути.

Магдебург во вториот дел се обиде да намали, но, сепак, негативата беше преголема за да стигне и до пресврт.

Голманот Томаш Мрква имаше 15 одбрани кај победничкиот тим, а Јохансон беше стрелец на седум гола.

Во финалето на ЛШ во ракомет, од 18 часот, во Келн се среќаваат Барселона и Алборг, а мечот ќе го суди македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести