Ракометарите на Кил успеаја да го направат невозможното и да надоместата негатива од девет гола од првиот натпревар, за пласман на завршницата од Лигата на шампионите во Келн.
Германскиот претставник на домашен терен го победи Монпеље со 31-21 и сосема заслужено се најде помеѓу најдобрите четири екипи во Европа, откако французите имаа предност од 39-30 од првиот четвртфинален натпревар.
Барселона минимално со 32-31 го победи ПСЖ на вториот меч, откако на првиот во Париз „каталонците“ победија со убедливи 22-30 и со две победи го елиминираа францускиот шампион.
Тоа значи дека на завршницата во Келн ќе играат две германски екипи – Кил и Магдебург, како и по една од Шпанија и Данска, Барселона и Алборг.