21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Кимих ќе мора на принудна пауза поради повреда

Џошуа Кимих ќе мора да направи пауза од фудбалот поради воспаление на тетивата, соопшти Баерн Минхен.

Германскиот играч за врска се повреди во првото полувреме од победата со 4-0 против Ајнтрахт Франкфурт во неделата и не можеше да го продолжи натпреварот. Клубот потврди дека проблемот е во тетивата на потколеницата на левата нога.

Сè уште не е познато дали Кимих ќе биде подготвен за првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Баер Леверкузен на 5 март.

Баерн исто така сè уште нема објавено детали и за состојбата на Џамал Мусијала, кој исто така се повреди и беше заменет веднаш откако го постигна третиот гол.

- Оглас -

Најнови вести