Кимих: Заслужено загубивме од Португалија

Капитенот на Германија, Џошуа Кимих, ја критикуваше играта на својот тим по поразот со 1-2 од Португалија во полуфиналето на Лигата на нации. Ова беше неговиот 100-ти настап за националниот тим, но нема да го памети по добро.

„Ова беше еден од нашите најлоши натпревари. Потполно заслужен пораз. Не бевме доволно добри ниту со, ниту без топка. Откако поведовме со 1-0, престанавме да играме. Мора да научиме нешто од ова. Ако не вложиме енергија, не можеме да се натпреваруваме со најдобрите во Европа“, изјави Кимих.

Сепак, тој призна дека му било драго што можел да го сподели овој важен момент од кариерата со својот син.

„Тоа беше многу емотивен момент. Не знаев дека ќе излезе со мене на теренот. Кога започна химната, беше навистина посебно. Бројката 100 е нешто на што сум горд. Кога имав 17 години, не ни сонував дека ќе стигнам до тука. Ова е голема чест, без разлика на поразот“, додаде капитенот на фудбалската репрезентација на Германија.

- Оглас -

Најнови вести