Кина им забрани на репрезентативците да се тетовираат

Кинеската фудбалска федерација и Министерството за спорт на Кина донесоа чудна одлука, им забранија на своите репрезентативци да се тетовираат, а тие што веќе имаат тетоважа, на тренинзите и натпреварите на националниот тим ќе мора да ја покријат.

Ова правило важи и за младинските селекции, а целта на Кинезите е фудбалерите кои ја претставуваат државата, да дадат добар пример. Од 2018 година, во Кина има кампања против тетовирањето, на телевизиите се замаглуваат деловите од телото кои се тетовирани.

Во кинеската култура, тетоважите се поврзуваат со мафијашки организации, а тетовирање забранува и владеачката Комунистичка партија, но во последно време многу млади се тетовираат и сакаат тој тренд да престане со тоа што на фудбалерите ќе им се забрани да играат за селекцијата ако не ги избришат или не ги покријат тетоважите.

- Оглас -

Најнови вести