Кинеското чудо од дете Куан Хонгчан (17) го освои трето олимписко злато во својата кариера. Кинеската скокачка во вода на претходните Олимписки игри во Токио освои злато во скок од 10 метри, а сега во Париз триумфираше во истата дисциплина.
Претходно освои злато и во двојки од 10 метри.
Куан ја „уништи“ конкуренцијата, а особено спектакуларен скок направи во првата од петте серии, кога од сите судии доби совршена оценка „10“.
17-year-old Chinese diver made the water forget to splash 💦 pic.twitter.com/va3XT2Oxjb
— Spellbinding Odyssey (@SpellOdyssey) August 5, 2024
Кинеската скокачка направи три и пол салта, а публиката беше воодушевена од начинот на кој „ја проби“ водата. Куан славеше со вкупен скор од 425.60 поени, пред сонародничката Чен Јукси (420.70) и Ким Ми Ре (372.10) од Северна Кореја.
Куан Хонгчан ја продолжи доминацијата на Кинезите годинава во Париз, со оглед на тоа што тие освоија пет злата од исто толку натпревари во скокови во вода.
Остануваат уште три натпревари, а Кинезите се надеваат дека ќе ги освојат и тие, со што за првпат во историјата една држава ќе ги освои сите злата на скоковите во вода на Олимписките игри.