Кинезите си имаат свој Ѓоковиќ, Ву пишува историја на турнирот во Далас!

Вечерашното финале турнирот од АТП 250 серијата во Далас ќе биде историско, бидејќи за првпат во новата тениска ера, се случува финале на АТП турнир да игра еден Кинез.

Ву Јибинг пред шест дена за првпат влезе во Топ 100 на АТП листата, а во полуфиналето во Далас го изненади првиот носител Тејлор Фриц (осми на светската ранг листа) со 6-7, 7-5, 6-4, и за првпат славеше против некој што е меѓу 20-те најдобри на светот, па вечерва ќе игра финале против искусниот Американец Џон Изнер кој оди по својата 17-та титула во 31-вото АТП финале.

Што и да направи 23-годишниот Ву во финалето, од утре ќе биде највисокорангиран кинески тенисер во историјата, ќе се искачи сигурно до 76-тото место, а ако победи, ќе биде и во топ 60.

- Оглас -

Најнови вести