Кире Ристевски потпиша двегодишен договор со АЕЛ Лимасол

Кире Ристевски му се придружува на младинецот Давор Здравковски во кипарски АЕЛ Лимасол. Дефанзивецот Ристевски кој денеска се најде на листата на Игор Ангеловски од 26 македонски фудбалери кои ќе одат на ЕП, сезонава играше за Ујпешт во унгарската лига, а потпиша двегодишен договор со кипарскиот клуб.

Во својата клупска кариера 30-годишниот Ристевски играше уште за Пелистер, Елбасани, Билиш Балш, Славија Софија, Тирана, Работнички и Вашаш. Нашата колонија во Кипар ја сочинуваат уште Дамјан Шишковски, Душко Трајчевски, Дарко Глишиќ, Стефан Спировски, Иван Тричковски и Мартин Богатинов.

- Оглас -

Најнови вести