10.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Кирил Лазаров задоволен од ждрепката

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, смета дека треба да бидеме задоволни од ждрепката за баражот за СП 2027, каде потенцијални ривали ни се Украина или Словачка.

Со кого и да играме во мај, тоа ќе биде добра шанса да победиме во двомечот и да се пласиираме на Светското првенство во Германија во јануари 2027. Лазаров како и секогаш е оптимист, но и претпазлив, нема да дозволи еуфорија или потценување.

„Треба да бидеме задоволни од ждрепката. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на добар пат да обезбедиме ново учество на голем настан. Мораме да бидеме сериозни и професионално да се однесуваме. Имаме максимална почит кон националните тимови на Украина и на Словачка. Наскоро ќе дознаеме и точно против која репрезентацијата ќе играме, но ние мора уште од сега треба да направиме добар план и подготвени да ги дочекаме тие два натпревари во мај“, вели селекторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести